Home » Инспекторатот не успеа да ги врати 3.600-те квадрати узурпирано земјиште во центарот на Тетово

Инспекторатот не успеа да ги врати 3.600-те квадрати узурпирано земјиште во центарот на Тетово

by Журнал.мк

По неколкудневна врева, голготата на узурпираното земјиште во Тетово заврши. Но, не во корист на општината. Општинскиот инспекторат отишол да ги ослободи просториите, полицијата ги дала клучевите на обвинетата страна за узурпација на земјиште.

Општинскиот инспекторат ја обвинува полицијата. Според нив, оправдувањата на сините униформи дека процесот е во судска фаза не држи.

„Колку што можеме да видиме, полицијата ја брани другата страна, со оправдување дека е на судски процес, додека ги имаме сите решенија дека овој објект е на општина Тетово. Тоа е затоа што полицијата му помага на озурпаторот да остане таму. Сопственикот нема договор, додека ние ги имаме сите решенија дека објектот е на име на општина Тетово“, рече Арменд Салихи, Шеф на Општинскиот инспекторат.

Денеска на лице место се појави и лицето кое тврди дека е сопственик на земјиштето. Тврди дека ги има сите потребни документи за сопственост.

Но за објектот за кој тврди дека самиот го изградил, дотичниот, во изјава за Алсат вели дека 26-27 години плаќа кирија на фирма за која не знае за која фирма се работи.

До крајот на судскиот процес денеска беа отворени вратите кои општинскиот инспекторат ги затвори поради сомнежи дека земјиштето е узурпирано и приватниот бизнис се врати во нормала. Судот не изрекол привремена мерка дека додека се оспорува имотот треба да се прекинат комерцијалните активности или можноста за негово купување и продавање. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, на денот кога полицијата поднесе кривична пријава за узурпација, обвини повеќе лица дека се дел од организирана криминална група која според него, го узурпирала земјиштето во договор. Според него, во групата има и лица од претходната општинска администрација, геодети и лица вработени во Основниот суд Тетово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk