Home » Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал

Иновациите не се луксуз, домашните компании креираат нови решенија, но им недостасува ризичен капитал

by Журнал.мк

Лидери во иновациите се компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, медицината, социјалното претприемништво и дигиталната трансформација, меѓутоа најголемиот дел од микро, малите и средни претпријатија решаваат да се задржат во комфорната зона, бидејќи немаат соодветен капитал, велат од Фондот за иновации и технолошки развој

Компаниите во Македонија се иновативни, меѓутоа им недостасува ризичен капитал за да ги имплементираат иновативните решенија, оценува Никола Додов, в.д. директор на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој за „Слободен печат“, вели дека досегашните искуства покажуваат дека недостигот на финансии е прва пречка зошто нема иновации кај определени претпријатија.

-Лидери во иновациите се компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, медицината, социјалното претприемништво и дигиталната трансформација, меѓутоа најголемиот дел од микро, малите и средни претпријатија решаваат да се задржат во комфорната зона, бидејќи немаат соодветен капитал – вели Додов. ФИТР постои пред сè за да даде финансиска поддршка, да ги мотивира да креираат иновации во самите компании, но и да ја олесни соработката меѓу научно- истражувачките и високо образовните институции и бизнис-заедницата.

Додов е особено горд што ФИТР е првата државна компанија која го започнала процесот за акредитација за Зелениот климатски фонд.

-Нашата цел е да креираме нови работни места и да го поттикнеме економскиот раст во земјата со поддршката на претприемачкиот дух кај младите, бидејќи иновацијата не е тренд, туку основа за забрзан раст, и поголема конкурентност во однос на македонската национална економија и пошироко – вели Додов.

Според Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ, ако порано се сметаше дека иновациите се луксуз за компаниите, тие сега се свесни дека тоа е нешто што мора да го прават за да бидат конкурентни.

-Инвестициите во иновациите се враќаат многукратно, а многу важен аспект за нивниот развој освен образованието се секако финансиите. Дома ги нема, па нашите претприемачи трагаат по свеж капитал во странство. Радува фактот што нашите студенти, сè повеќе се решаваат да останат во државата, но и да основаат сопствени бизниси. Имаме многу млади домашни претприемачи, кои се успешни во светски рамки, со изненадувачки добри производи, кои си го наоѓаат своето место на странските пазари – истакна Јакимовски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk