Home » Инфлацијата не запира – трошоците на живот зголемени за 4% за една година

Инфлацијата не запира – трошоците на живот зголемени за 4% за една година

by Журнал.мк

Инфлацијата повторно чука на врата, се повеќе пари се потребни за преживување. Трошоците за живот во однос на март минатата година до март годинава се зголемиле за 4 отсто, објави официјална статистика

Најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, рестораните и хотелите и трошоците за здравствена заштита. Храната поскапела

за 4 отсто, а некој процент повеќе облеката и обувките.

Инфлацијата во март во однос на претходниот месец бележи раст од речиси еден процент. Месечното зголемување се должи на зголемените трошоци за транспорт, храна и безалкохолни пијалаци, рестораните и хотелите.

Транспорт 3,1 %

храна и безалкохолни пијалаци 1.3%

разновидни стоки и услуги 0.6 %,

ресторани и хотели 0.5 %,

облека и обувки 0.2 %,

Додека власта со одмрзни – замрзни мерки две години да ја заузда инфлацијата, граѓаните постојано се соочуваат со ценовни шокови.

Пресметките од синдикатот пак за месец март се фрапирачки. За едно четиричлено семејство да преживее потребни се скоро 59 илјади денари и тоа ако станува збор за семејство кое живее во сопствен стан.

Најголемо поскапување има кај храната и тоа од февруари годинава за 1500 денари што е резултат на одмрзнатите цени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More