9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Infiniti Edition 30 во чест на три деценискиот јубилеј на марката

Најчитани вести

Во чест на јубилејот 30-годишнината на Infiniti,што луксузниот производител го слави годинава, е воведена цела ревија на специјални модели.

Производителот на луксузни автомобили Infiniti, во рамките на Nissan, ја нарече својата нова специјална линија Edition 30,што ја сочинуваат изведби на моделите Q50, Q60, QX50, QX60 и QX80.

Сите пет од возилата на Edition 30 ќе доаѓаат како стандард со електронскиот пакет за помош на возачот, кој вклучува: асистент за контрола на далечина, адаптивен темпомат, предупредување за фронтален судир, асистен за спречување на судир при враќање во рикверц….

Тука се и стилски додатоци за визуелен печат што ќе ја издвојуваат оваа едиција од останатите верзии на моделите, достапни се темни хромирани надворешни акценти, фелни со темни завршетоци и надворешни додатоци во боја на каросерија, црни странични ретровизори.

„Infiniti е роден за одново да ги дефинира правилата во луксузниот простор и ние продолжуваме да испорачуваме ниво на луксуз, кое треба да живее и да се доживее во целост.

Моделите Infiniti Edition 30 се најновата претстава на оваа визија, обединувајќи инспиративен дизајн и современа технологија за помош на возачот“, изјави Џеф Поуп, потпретседател на групацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com