Home » Индустриското производство во април 2025 година е зголемено за 1.4 %

Индустриското производство во април 2025 година е зголемено за 1.4 %

by Журнал.мк

Индустриското производство во април 2025 година е зголемено за 1.4 % во однос на април 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи опаѓање од 1.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.3 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
– Производство на прехранбени производи,
– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на метали,
– Производство на електрична опрема,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во април 2025 година, во однос на април
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 16.2 %, Капитални производи за 6.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.1 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април 2024 година, изнесува 101.8.

Главни поенти
Април 2025 година во однос на април 2024 година

Производство на електрична опрема: +20.6 %
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки: +6.9 %
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -18.3 %

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk