Индиските ореви се јаткасти плодови со облик кој потсетува на грав.Тие се особено богат растителен хранлив извор на низа значајни нутриенти.
Нивното продуцирање оди доста тешко, доаѓаат од навистина далечни места, па затоа имаат и висока цена на чинење.
Сепак, факт е дека храната од овој тип треба да ја консумираме во навистина мали количини – отрприлика на дневно ниво, онолку зрна колку што може да ни собере на дланката. Затоа, јаткастите плодови во суштина и не се така скапа храна.
Нивната богата минерална содржина им овозможува да бидат добар избор за здравјето на коските, мозокот, имунитетот, кожата. Богатата исхрана со јаткасите плодови,покажува намален ризик од заболувања, како што се срцевите и мозочниот удар.
Индиските ореви се помеѓу малкуте производи кои содржат висока содржина на бакар. За лицата над 19 години, дневната препорачана доза за бакар е 900mcg, а во 30g индиски ореви има над 600mcg.
Редовната консумација на јаткасти плодови се поврзува со намален риизк од потребни операции за отстранување на жолчното ќесе.
Индиските ореви се добар извор на фибер, хранлива материја која превенира од шеќерни пикови и низа истражувања ја поврзуваат со намален ризик од дијабет.