,,Изборите влијаат негативно на економијата“

0

Бизнис-заедницата смета дека генерално изборите имаат негативно влијание врз економската активност и инвестициите, особено странските директни инвестиции.

Сепак претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа очекува добар политички амбиент во земјава и позитивна насока за добивање  датум  за преговори со ЕУ, што треба да го охрабри бизнисот да продолжи со вложувања.

Двтон Неби Хоџа-претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија

,, Како бизнис заедница СКСЗМ годинава инвестираше 42 милиони евра што е речиси двојно повеќе од лани кога имавме  инвестиции од 23 милиони евра. За пофалба е што имаме за 100 проценти зголемени инвестиции при состојба во која и немаше баш добар амбиент за инвестиции. Тоа покажува дека бизнисите кои се веќе стабилни во државава имаат однапред испланирани инвестиции и се надеваме дека оилитичкиот амбиент во земјава ќе биде на ниво.“

Владата со став дека се изедначени домашните  со странските компании  и имаат исти услови за работа и еднаков третман при нивна поддршка.

Двтон Кочо Анѓушев-вицепремиер за економски прашања

,,Годинава  се веќе  потпишани нови 120 договори за поддршка на домашни компании од кои се очекуваат  инвестиции од околу 230 милиони евра во наредниот период. Тие лани  имаат инвестирано 180 милиони евра и вработиле над 1.500 лица, а се предвидува да вработат околу 4.500 луѓе по целосната реализација на нивниот бизнис план.“

Дел од бизнисот смета дека проектираниот раст од 3,5% за годинава е тешко остварлив,  затоа што компаниите поради изборите веќе резервирано гледаат на сите проекти што ги имаат планирано за наредната година.

Двтон Данела Арсовска-претседател на Сојуз на стопански комори

,,Она што ние го гледаме на терен е дека сите проекти ,а особено оние што  беа подолгрочни  веќе се во фаза на застој . Треба да почекаме, но не верувам дека ќе има нешто позначајно до третиот квартал на 2020 година.

Денеска Стопанската комора на северозападна Македонија ги додели традиционалните награди на најдобрите 100 компании членки, соопштувајќи дека тие лани имале обрт од 763 милиони евра, вработувале 8.752 лица,остварувајќи нето добивка од  57 милиони евра.