Изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

0

Во Музејот на современата уметност вечерва, со почеток во 21 часот, ќе се отвори изложбата „Система“ на Никола Радуловиќ. Кураторка на поставката е Бојана Јанева-Шемова.

Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на 12-то Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност.
„Система“ е вториот дел од серијалот анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Бук оф Склавин“. „Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и играта пазлс во изложбениот простор.

Поставката ќе биде отворена до 8 декември.