Како лек се користи повеќе од 2.000 години: Цвеклото ги лекува овие 7 здравствени проблеми како на шега!

0

Оваа лековите билка е вистинска ризница од витамини и може да го прероди организмот

Цвеклото е народен, природен антианемик, антибактерик, антикарцином, антипиретик, антиоксиданс, антисклеротик, детоксикант, диуретик, реминерализант.

Богато е со витамини и минерали, содржи висок процент на железо, а особено е богато со протеини, масти и јаглехидрати.

Го снижува крвниот притисок
Цвеклото е богато со нитрати кои во телото се претвораат во азотен оксид што ги опушта и шири крвните садови, што доведува до подобрена циркулација и го снижува притисокот. Според едно истражување, само една чаша сок од цвекло дневно успешно го снижува крвниот притисок.

Го намалува ризикот од срцеви болести
Содржи многу алкалоиди, бетаини и фолати од витамин Б, кои здружени го снижуваат холестеролот во крвта. Па затоа, може да биде одлична превенција од болести на срцето и крвните садови.

Ја подобрува издржливоста
Професионални спортисти се колнат во моќта на овој скромен корен. Зошто? Нитратите што ги содржи му даваат сила на телото и издржливост. Истражувањата со спортисти ги потврдиле овие позитивни ефекти. Потребно е да изедеме 3 до 5 парчиња цвекло дневно (или да го испиете како сок, супа) пред спортски тренинзи за да добиеме подобар резултат. Инаку, нивото на нитрати во телото е највисоко 2 до 3 часа по консумирање цвекло.