Со овие намирници ќе имате блескава и здрава кожа

0

Неизбалансирана исхрана и конзумирање почесто брза храна, премногу сол и недоволно хранливи материи не само што немаат добар ефект врз целокупното здравје, туку  може негативно да влијае на изгледот и здравјето на кожата.

За да ја задржиме кожата убава и здрава, треба да се пие довоно вода секој ден, како и да вклучиме повеќе овошје и зеленчук со најразлични бои во исхраната. Поточно, различните бои укажуваат на присуство на соединенија за кои е познато дека имаат корисни ефекти врз здравјето на кожата.

Црвеното овошје и зеленчук како домати, црвени пиперки, јагоди, цреши, калинки се богати со антоцијани и витамин Ц, кои заедно го забавуваат процесот на стареење на кожата. Селенот и ликопенот од доматите исто така ја ублажуваат штетата предизвикана од сончевите УВ зраци и помагаат во спречување на рак на кожата и старечките пеги. Портокаловата храна, како тиква, слатки компири и моркови, е богата со бета-каротин, витамин Ц и други антиоксиданти. Зелениот лиснат зеленчук, исто така, изобилува со овие важни соединенија кои поттикнуваат регенерација на кожата. Сино-виолетовите боровинки се исто така одличен извор на антиоксиданти (антоцијани), додека авокадото и оревите се богати со омега-3 масни киселини кои ја подобруваат еластичноста на кожата и ја зајакнуваат нејзината заштитна бариера.