Google потврди: Оригиналните Pixel уреди повеќе нема да добиваат софтверски update!

0

Google го претстави месечниот update за Pixel уредите пред неколку дена, но има лоши вести за корисниците на оригиналните Pixel модели…

За жал, новиот софтверски update не е достапен за оригиналните Pixel модели. Иако сметавме дека Google нема повеќе да претставува софтверски подобрувања за оригиналните модели, сепак компанијата има друг план. 

Иако уредите не го добија последниот update, Google изјави дека ќе го добијат оној кој ќе биде претставен во декември. Ова се добри вести, но лошиот дел е што тоа ќе биде официјално последниот update за оригиналните Pixel модели. 

Се разбира, ваквата одлука на Google не е големо изненадување бидејќи овие модели беа претставени на пазарот пред повеќе од 3 години. /gsm.mk/