Рангелова: Ако ВМРО-ДПМНЕ сака победа треба да заборави на задкулисните игри

0

Не се согласувам со политиките на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа не очекувам да бидам дел од кандидатите за пратеници, рече Даниела Рангелова од ВМРО -ДПМНЕ синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

На прашањето дали останува во ВМРО-ДПМНЕ и дали очекува трет пратенички мандат, Рангелова рече:

-Јас сум во ВМРО-ДПМНЕ. Со самото мое давање на оставка од политичките функции, свесно напуштив за да кажам дека не ја поддржувам политиката и нечесно би било доколку јас не ги поддржувам овие политики да очекувам да се најдам на листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нормално е ако не ги почитувам политиките да кажам терајте ако ви е во ред политиката, дај Боже да победите, сепак тоа е мојата матична партија. Но, мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ако сака да победи на овие избори прво треба да се сконцетрира на програмата, да има чесен пристап кон граѓаните и да заборави на задкулисните игри. Не ретко кога има случаи кога како политичка партија немаме ставови, рече Рангелова во интервјуто за ТВ21.