Сензационална вест: Ибрахимовиќ потпишал со Милан!

0

Доцна вчера вечер од Америка пристигна една сензационална вест – Златан Ибрахимовиќ се враќа во Серија А!

Имено, првиот човек на МЛС лигата, Дон Гарбер тврди дека Ибрахимовиќ веќе потпишал договор со Милан.

„Златан е интересен лик. Поради него сум многу зафатен и такви луѓе ни се потребни, како што го имавме Дејвид Бекам до пред неколку години. Има 38 години и повторно потпиша договор со Милан, еден од најголемите клубови во светот“, изјави Гарбер за реномираниот „ЕСПН“.

Значи, ако веруваме на неговите зборови нема ништо од Болоња, Јувентус и Наполи со кои се поврзуваше, Ибра се враќа во Милани.

Ибрахимовиќ дресот на Милан го носеше од 2010 до 2012 година и за тој период постигна 56 голови и запиша 24 асистенции на 85 натпревари за клубот од „Сан Сиро“.