Арифи за амбасадорка: Прво да го завршам градоначалничкиот мандат, па после опциите се отоворени

    0

    Градоначалничката на Тетово Теута Арифи вели дека била информирана за предлогот да биде амбасадор во САД, но смета дека треба да го заврши нејзиниот тековен втор мандат. Одговарајќи на новинарски прашања, таа вели дека сака да ја почитува до крај волјата на граѓаните кои ја изгласале да биде градоначалничка.

    – За мене тоа е едно големо почитување имајќи го предвид фактот дека во САД секогаш сум се чувствувала како дома. Нормално дека за мене тоа е едно големо почитување, самиот факт што за тоа се зборува, но сакам да истакнам дека јас уште две години имам обврски према граѓаните на Тетово кои на гласање ме испочитуваа исто толку многу, така што би го завршила мандатот па после опциите се отворени, изјави денеска тетовската градоначалничка.