Нова директорка на максиофацијална хирургија е Даница Поповиќ-Моневска

0

На Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи за директори се именувани досегашните вршители на должност. За в.д. директори се именувани:

Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија и Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија.