Home » Инциденти во Атина по завршувањето на протестот за железничката несреќа

Инциденти во Атина по завршувањето на протестот за железничката несреќа

by Журнал.мк

Инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката недреќа.

Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, разни предмети, полицајците одговорија со шок бомби и солзавец, а инцидентите се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици.

Дополнително, маскирани лица запалија и канти за отпадоци.

Претходно, на почетокот на протестот со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент организаторите на денешниот протест за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи.

Денешниот протест на плоштадот Синтагма беше во организација на организации, здруженија, работнички центри, синдикатот на Комунистичката партија, студентски здруженија и сл. и е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата.

Целта на демонстрантите беше уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата.

Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk