Home » Инцидент во Лондон: Со автомобил удрил во куќа, а потоа излегол и со мачета напаѓал луѓе

Инцидент во Лондон: Со автомобил удрил во куќа, а потоа излегол и со мачета напаѓал луѓе

by Журнал.мк

Денеска, околу седум часот наутро, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа тој со автомобилот удрил во куќа.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица се избодени и пренесени во болница. Меѓу нападнатите, наводно, имало и двајца полицајци.

Триесет и шестгодишниот напаѓач е уапсен. Од полицијата додаваат оти не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек. Засега се чини дека нападот не е поврзан со тероризам.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More