Home » Имамоглу суспендиран од градоначалничката функција

Имамоглу суспендиран од градоначалничката функција

by Журнал.мк

Пред да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија, Имамоглу беше приведен во средата, по што започнаа серија протести низ повеќе туркски градови.

Откако беше приведен, турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти Министерството за внатрешни работи на Турција.

Пред да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна партија, Имамоглу беше приведен во средата, по што започнаа серија протести низ повеќе туркски градови.

Имамоглу е главен противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, а формално беше уапсен денеска откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција.

Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција.

Ако Имамоглу биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.

Јавното обвинителство во Истанбул ги обвини Екрем Имамоглу и уште неколку општински службеници за формирање и водење криминална организација, поткуп, местење понуди и незаконско стекнување лични податоци.

Заедно со уште тројца високи функционери тој е обвинет и за помагање на терористичка организација.

Германското МНР реагираше на апсењето на Имамоглу со напомена дека Турција вака назадува со демократијата.

„Политичкиот натпревар не смее да се води преку судови и затвори. Очекуваме наводите да бидат транспарентно истражени што е можно побрзо и постапките да се водат врз основа на владеењето на правото. Истото важи и за приведените демонстранти“, изјави портпарол на германското МНР.

Официјален Берлин предупредува дека почитувањето на демократијата и владеењето на правото остануваат клучни за билатералните односи со Анкара, како и за односите меѓу ЕУ и Турција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk