19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

iMac со Apple чип може да има дисплеј поголем од 27 инчи

Најчитани вести

Најголемиот компјутер што во моментов го нуди Apple е 27-инчниот iMac (не сметајќи го 32-инчниот Pro Display XDR, кој може да се поврзе со други Mac компјутери). Тоа може да се промени во иднина, според наводите на дојавувачот @l0vetodream, кој истакнува дека Apple ќе претстави уште поголем all-in-one iMac компјутер.

Веќе знаеме дека Apple развива нови iMac компјутери со свој Apple Silicon чипсет, а гласините сугерираат дека компанијата ќе имплементира нов дизајн. Најновите информации укажуваат на тоа дека Apple ќе го замени моделот од 27 инчи со верзија со уште поголем екран, но точната големина не е позната.

Не би било изненадување доколку овој iMac има екран со слична големина како Pro Display XDR моделот. Покрај тоа, гласините споменуваат дека Apple може да претстави повеќе опции на бои за новиот iMac, како и дека може да ја угаси 21,5-инчната линија и да се фокусира на 24-инчниот модел.

Apple настанот се очекува подоцна во текот на април, кога веројатно ќе дознаеме повеќе детали за плановите на компанијата кога станува збор за  iMac линијата компјутери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести