Home » Има млади во Македонија кои храбро почнуваат сопствени бизниси, за нив работењето во администрацијата не е цел

Има млади во Македонија кои храбро почнуваат сопствени бизниси, за нив работењето во администрацијата не е цел

by Журнал.мк

Во Македонија посебно последниве 2 години, се зголемува интересот не само кај младата туку и кај средната популација, лебот да го печалат развивајќи сопствен бизнис, заминувајќи од удобната фотеља во државните инстиутции. Поволните кредити за самовработување помогнаа многумина да се охрабрат и да почнат свој приватен бизнис, одлука која тешко се донесува во денешно време.

„Доста е тешко заради тоа што посебно во оваа економија и кризно време каде што цените растат постојано, не е едноставно да донесеш одлука да напуштиш работно место и да креираш свој бизнис. Да има кредити кои што би биле многу поволни за младите претприемачи, исто така повеќе грантови, повеќе помош исто така и во врска со човечките ресурси да можат да се најдат нови вработени“ –вели Томе Укоски, дигитален маркетинг

„Можеби општините треба повеќе да се свртат кон локалната заедница и да проверат кои се тие луѓе кои што имаат амбиција и идеја, да им помогнат за да ги задржат да останат во општините или во градовите иначе сите денеска сакаат да одат надвор затоа што мислат дека ете надвор е полесно“ -вели Марта Пејоска-филигранист

Нашите соговорници се пример како може да се испее, Марта дипломирала на архитектонскиот факултет, а Томе клиничка психологија, но ни едниот ни другиот не работат во областа за која се образувале, Марта е филигранист, а Томе се занимава со дигитален маркетинг. Она што многумина ги одвраќа да го следат нивниот пример, се долгите и обемни бирократски процедури.

„Најнешто непознато за нив се бирократските работи,фирма како да започниш,каде да пријавиш сите тие моменти каде што им треба навистина некоја насока и некоја поддршка совети за да можат тој дел да го поминат и да се фокусираат на она што навистина треба да го разработат, таа идеја и на крајот да бидат потенцијални инвеститори.Затоа што има примери каде што заглавуваат не месеци, туку подолго и од година“ –вели Јован Цветкоски,раководител на Младински совет, Охрид

Македонија треба да го следи примерот на Естонија,која беше лидер по одлив на мозоци,но државата воведе многу мерки со кои испеа да ги врати назад, вели Цветкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk