Актерката Лидија Вукиќевиќ (62) изгледа како да ги игнорира законите на стареењето. Во седмата деценија од животот, таа сè уште изгледа како божица, а нејзините обожаватели на социјалните мрежи редовно го изразуваат своето воодушевување од нејзиниот изглед.
Кога еднаш ја прашале како успева да изгледа толку младолико со лице без брчки, таа открила дека има посебна рутина за нега на лице која ја практикува уште од 8-мо одделение.
„Не можеш да започнеш со грижа на 30 години, тогаш е доцна. Јас тоа го правам од осмо одделение. На тоа ме научи мајка ми, која секогаш беше дама и нè учеше на важноста на грижата и хигиената. Мојата вечерна рутина, без разлика дали ме чека некој или не, трае 20 минути. Но, без туширање, само грижа за лицето, и никогаш не ја прескокнувам, без разлика колку да сум уморна“, изјавила Лидија.