Home » Им се паркирал пред куќата па го претепале – обвинение за татко и син

Им се паркирал пред куќата па го претепале – обвинение за татко и син

by Журнал.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 34-годишен гостиварец и неговиот 64-годишен татко, кои се товарат за кривично дело „Насилство“ бидејќи физички нападнале лице за паркинг место.

Грубото насилство го извршиле на 01.10.2021 година, кога телесно повредиле едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Како што информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, оштетениот, на критичниот ден, пристигнал со автомобил пред сопствената куќа и сакал да се паркира, но паркинг местото било зафатено.

– Тој започнал да свири за да се тргне паркираното возило, но во тој момент излегол првиот обвинет и започнал вербална расправија на висок тон. Веднаш потоа обвинетиот физички го нападнал оштетениот, удирајќи го во пределот на главата и лицето. Пристигнал и вториот обвинет и го фатил оштетениот за двете раце, по што првиот обвинет продолжил да го удира, стои во соопштението од ЈО.

Оштетениот се здобил со телесни повреди – нагмечување на главата и на левата рака, како и крвни подливи на лицето.​​

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More