SpaceX на Илон Маск може да ги револуционизира патувањата со своите неверојатни планови за превоз на патници од град до град, од било кое место во светот. Компанијата на милијардерот ја создаде најмоќната ракета на Земјата наречена „Starship“, но таа нема да се користи само за летање во вселената.
Покрај патувањето до ѕвездите и планетите, Маск вели дека ракетата може драматично да го намали времето за авионски патувања, правејќи патувањето од Лондон до Њујорк да трае само 29 минути. Оваа огромна ракета ќе може да носи 1.000 патници и ќе биде способна да лета било каде на Земјата за помалку од еден час, изјавија од компанијата. SpaceX исто така вели дека повеќето патувања на долги растојанија ќе траат помалку од 30 минути.
Како би функционирало: Патниците ќе се качат на брод за да стигнат до локацијата на ракетата, која ќе биде подготвена за полетување на платформа во морето, според промотивното видео.
Корисникот на Twitter @ajtourville ја сподели снимката, сугерирајќи дека SpaceX може да добие одобрение од Федералната администрација за авијација (FAA) за време на претседателството на Доналд Трамп.
Маск одговори: „Ова сега е возможно“.
Максималната брзина на ракетата ќе биде до 27.000 км/ч, додека најбрзите комерцијални авиони летаат на околу 1.061 км/ч. Навистина голема разлика.
Повеќето летови ќе траат само 15 до 20 минути. На пример:
Лондон до Њујорк – 29 минути
Њујорк до Париз – 30 минути
Хонолулу до Токио – 30 минути
Токио до Делхи – 30 минути
Сиднеј до Сингапур – 31 минута
Лос Анџелес до Лондон – 32 минути
Лондон до Хонг Конг – 34 минути
Лондон до Кејптаун – 34 минути
Сиднеј до Делхи – 36 минути
Њујорк до Сиднеј – 49 минути