Home » Иконому: Во многу добра клима телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски

Иконому: Во многу добра клима телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски

by Журнал.мк

Во многу добра клима телефонскиот разговор Мицотакис – Ковачевски, но не е сменет ставот за ратификацијата на Меморандумите.

Телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, поминал во многу добра клима, но тактиката на официјална Атина за ратификацијата на трите Меморандуми со нашата земја, останува непроменета, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали телефонскиот разговор на некој начин ќе влијае на ратификацијата, Иконому, на денешниот редовен брифинг, рече дека „не е променета тактиката, планот на Владата во однос на ратификацијата на Меморандумите”.

Ковачевски и Мицотакис во нивниот прв контакт, при телефонскиот разговор во понеделникот, според соопштенијата од нивните кабинети, се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More