Home » Игор Никоски нов директор на Управата за животна средина: Ветува санирање на состојбите, одговорно и домаќинско работење

Игор Никоски нов директор на Управата за животна средина: Ветува санирање на состојбите, одговорно и домаќинско работење

by Журнал.мк

Управата за животна средина, како дел од Министерството за животна средина и просторно планирање, од неодамна има нов директор. Игор Никоски беше именуван на чело на оваа институција согласно одлуката на Владата. Тој ветува санирање на лошата состојба која беше затекната во управата, а најавува и домаќинско и одговорно работење.

Според информации од Управата, претходното раководство работело неодговорно, што довело до значителни проблеми. Извори од институцијата наведуваат дека се затекнати голем број непотпишани предмети, важни за заштита на животната средина, како и регулирани постапки во други институции, вклучувајќи ја и работата на бизнис заедницата и правните субјекти.

Од почетокот на септември, новото раководство презема активности за подобрување на организацијата и забрзување на динамиката на работа. Во изминатиот период, завршени се вкупно 654 предмети, вклучувајќи и нови случаи.

Стабилизирањето на бројот на предмети се очекува да доведе до воспоставување на систем кој значително ќе ги подобри состојбите со животната средина во државата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk