Во минатото главни теми меѓу академскиот кадар беа егзистенцијалните проблеми. Сега тоа повеќе не е случај, а акцентот се става на тоа како академскиот кадар да и се оддолжи на државата која создаде поволни услови барем од аспект на примањата на вработените во високото образование. Горлив проблем на државата е да ја реши одржливоста на универзитетите преку системско обезбедување на научен подмладок, вели во интервју Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.
Игор Неделковски: Одржливоста на универзитетите ќе се реши со системско обезбедување на научен подмладок
27