Игор Бимбиловски, актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија е избран за член на Извршниот одбор на СДСМ на последната седница на Централниот одбор, информираат од СДСМ.
Бимбиловски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој претходно извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Република Северна Македонија и Република Албанија.
Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. -Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и Генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година, додаваат од партијата.
Изборот на Бимбиловски го комплетира составот на Извршниот одбор на СДСМ, со што целосно се запазува родовата еднаквост, односно од 18 членови, девет се мажи а девет жени.