Home » Идната недела драфт верзија на измените на Законот за угостителска дејност

Идната недела драфт верзија на измените на Законот за угостителска дејност

by Журнал.мк

Во текот на наредната недела пред членовите на Владата ќе биде претставена Драфт верзијата на измените за Законот за угостителска дејност, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“.

Прашан зошто во овие девет месеци откако е министер не ги ревидирал лиценците и дали освен морална, чувствува и друга одговорност за трагедијата во Кочани, рече дека се што требало да каже, кажал на прес-конференцијата за трагедијата во Кочани.

– Сите прашања кои беа поставени од новинарите ги одговорив на таа прес-конференција и ја кажав целата процедура како се стигна до одземање на лиценца. Поради тоа што истрагата е во тек не сакам да дадам било каква друга изјава која може да има влијание на процесот. Органите на прогон кога ќе ја завршат истрагата ќе ја известат јавноста, рече Дурмиши.

Нагласи дека измените на законите кои во 2008 година биле направени, очигледно е дека се злоупотребени во делот на исполнување на минималните технички услови.

-Нормално е дека ќе имаме измени на законот во кои ќе предвидиме построги услови и контроли и повеќе казни на сите кои не ги исполнуваат минималните технички услови, рече Дурмиши и посочи дека Министерството за економија и труд ниту е надлежно, ниту има механизми да ги направи контролите на угостителските објекти дали ги исполнуваат минималните технички услови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk