Home » И Сузана Спасовска мета на измама: Ова е лага, не наседнувајте, порача таа

И Сузана Спасовска мета на измама: Ова е лага, не наседнувајте, порача таа

by Журнал.мк

Изминатиов период се почесто сме сведоци на интернет измама од секаков вид, спам пораки за крадење на податоци, креирање на лажни линкови, како и злоупотреба на ликот и делата на познати личности за цел продавање на некој лажен производ.

Измамниците одат до таму што дури измислуваат и лажни интервјуа, а последно во оваа експанзија на злоупотреби од ваков тип беа искористени дури и медиуми и имиња на новинари.

Така, неодамна во овој синџир на интернет измами се најде и фолк пејачката Сузана Спасовска, а за истата таа алармираше на социјалните мрежи.

-Почитувани и драги фб пријатели, бидејќи со денови ме прашувате за некоја си крема која сум ја рекламирала, сакам да ви кажам дека ова е злоупотреба на моето име, лик и дело, земајќи ја мојата слика и рекламирајќи производ за кои ниту сум прифатила, ниту сум дала дозвола, ниту ме интересира. Едноставно, ова е ЛАГА. Не наседнувајте на ваквите интернет ИЗМАМИ, ве молам. Од срце Ваша Сузана!- пишува таа во објавата.

За потсетување, мета на ваков или сличен вид на итернет измама беа: Каролина Гочева, Калиопи, Лила Филиповска, Антониа Гиговска, сега и Сузана Спасовска, како и докторите Нико Беќаровски, Драган Даниловски, Никола Пановски и многу други, а веројатно и за жал таа нема да биде ни последната.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk