Home » И самостоен и заеднички изборен настап на СДСМ и ДУИ нема да им донесе поднослив пораз

И самостоен и заеднички изборен настап на СДСМ и ДУИ нема да им донесе поднослив пораз

by Журнал

На само четири месеци пред изборите, владејачката СДСМ е во незавидна ситуација, да оди со самостоен кандидат на претседателските и на виделина да излезе тенкото гласачко тело, или да коалицира со ДУИ и да покаже дека партијата е пред распад, коментираат дел од политичките експерти. Албанскиот блок ќе сака да си ги одмери силите кај албанското гласачко тело, па поверојатно е ДУИ, Алијанска за Албанците и албанската трио коалиција Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши да одат самостојно на избори, вели политичкиот експерт Синиша Пекевски.

Во албанскиот политички блок се очекува жестока трка. Алијанса за Албанците е сè поблиску до одлука за самостоен настап на парламентарните избори, и покрај понудата од владиниот партнер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за заеднички настап со „Европскиот фронт“. Алијанса има понуда и од албанската опозициска тројка Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши за заеднички изборен настап. Но според центалната одлука на партијата и желбата на лидерот Таравари, партијата по се изгледа ќе излезе самостојно.

Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промени започна разговори со потенцијалните кандидати, а еден од нив е и Руфи Османи. Интегративците се уште немаат конкретна одлука со кого ќе се натпреваруваат на претседателските, но се надеваат Алијанса да се приклучи на „европскиот фронт“, па кандидатот може да биде и од нивните редови. Според партиски извори, ДУИ првично пранирале консензуален кандидат со СДСМ, но откако албанската опозиција најави свој кандидат, таа идеја отпаднала.

Што се однесува до македонскиот блок, СДСМ, вчера ја отвори процедурата за претседателски кандидат со тоа што ги повика општинските ограноци на партијата да го предложат својот кандидат.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ги избрале делегатите кои ќе го изберат кандидатите за претседател. Иако нема ништо конкретно и официјално, според внатрешните анкети, фаворити се Александар Спасеноски и Гордана Силјановска Давкова.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More