Home » И покрај примирјето, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани

И покрај примирјето, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани

by Lina Muslija

Се согласија за прекин на огнот, но продолжија со жестоката реторика. И покрај барањето од американскиот претседател Трамп примирјето да не се прекршува, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани. Генералштабот на вооружените сили на Иран негираше дека истрелал какви било ракети кон Израел неколку часа по прекинот на огнот, Тел Авив се закани дека ќе одговори енергично со интензивни напади во срцето на Техеран.

„Нагласувам, во оваа фаза нема промена во упатствата на Командата на домашниот фронт. Важно е да се продолжи со следење на упатствата, бидејќи сè уште постои ризик. Целата Израелска одбрана, командите и ограноците, ќе продолжи да одржува високо ниво на подготвеност и будност“, изјави Бригаден генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската одбрана.

Американскиот претседател прв објави крај на 12 дневната војна, Техеран и Тел Авив потврдија дека се согласни за крај на нападите. Заменикот на Трамп истакна оти се надева на мир на Блискиот Исток.

„Сега Иран не е способен да изгради нуклеарно оружје со опремата што ја има, бидејќи ние ја уништивме. Тоа е многу, многу голема работа. Тоа значи дека мора да разговараме со Иран и, се разбира, со Израел за тоа што носи иднината, бидејќи иако ја уништивме иранската нуклеарна програма, нашата надеж и нашето очекување е да се изгради долгорочна спогодба тука каде што можеме да имаме мир во регионот“, изјави Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.

Меѓународната заедница го поздрави прекинот на огнот, но предупреди на опасна ескалација доколку не запрат непријателствата.

„Сакаме да видиме дијалог и дипломатија како замена за каква било ескалација и најавата на претседателот Трамп ја поздравуваме со задоволство“, рече Ентони Албанезе, премиер на Австралија.

„Тоа е спирала на насилство што го става регионот во опасност и би имало многу сериозни последици. Затоа повикуваме на воздржаност, прекин на нападите од сите страни и враќање на преговорите“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

„Јапонија смета дека деескалацијата на ситуацијата е најважна работа. Исклучително сме загрижени за каква било одмазда и постојано се надеваме дека патот за дијалог, вклучително и разговорите меѓу Америка и Иран, ќе се отвори повторно“, изјави Јошимаса Хајаши, секретар на јапонскиот кабинет.

Војната почна со нападот на Израел врз Иран на 13-ти јуни. Тел Авив тврдеше дека сака да го спречи Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран одговори на нападите, а САД се вмешаа во војната во саботата, со напад на три ирански нуклеарни постројки. Техеран возврати со одмазднички напади врз американската воена база во Катар.

Маријана Димовска

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk