Home » И Лукаревска ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА КРМЗОВ? Дали имало милионски поврат на фирми на измислени луѓе?

И Лукаревска ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА ЗА КРМЗОВ? Дали имало милионски поврат на фирми на измислени луѓе?

by Журнал.мк

Едно од главните дела на кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал.

Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, открива сомнежи за криминал повеќе од очекуваното, информираат добро упатени извори.

Во текот на вчерашниот ден е влезено во други два магацина на струмичката империја на бизнисменот Крмзов.

Едно од главните дела кои им се става на товар на лицата под истрага е фиктивниот поврат на ДДВ и оштетувањето на државната каса. Извадени се два камиона доказен материјал. Само во еден случај тие прикажале 880 милиони денари за поврат на ДДВ.

Можно е акцијата да се прошири и кон поранешни носители на државни институции, како поранешната директорка на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Централниот регистар.

Истрагата открила дека биле регистрирани фирми на косовски државјани со измислени имиња, кои не постојат во базата на податоци, за да се забошоти криминалот.

Биле испумпувани пари од поранешната Еуростандард банка на Трифун Костовски и кредитите не биле враќани. Тогаш Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека струмички фирми блиски до семејството Заеви, меѓу кои и фирма на братот на премиерот Зоран Заев, не плаќале кредити во Еуростандард банка и оствариле добивка од близу 13 милиони евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk