Home » И ги затворил устата и носот и свесно ја задушил: Обвинение за убиство за кавaдарчанецот Илија Панов

И ги затворил устата и носот и свесно ја задушил: Обвинение за убиство за кавaдарчанецот Илија Панов

by Журнал.мк

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, информираа денес од кавадаречкото обвинителство.

Станува збор за убиството на кавадарчанката Сузана С.С. (52), чие безживотно тело со повреди беше пронајдено во нејзиниот стан на 22-ри јануари годинава. Таа била убиена од нејзиниот партнер Илија Панов (43) од Кавадарци.

– Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, соопштија од обвинителството.

За настанот кој го вознемири Кавадарци „Фокус“ пишуваше во неколку наврати.

Сузана живеела сама во стан во социјалните згради близу до училиштето „Гоце Делчев“. Откако не одговарала на повиците, нејзината ќерка отишла кај неа и го пронашла телото, по што повикала полиција и итна медицинска помош.

Од извори на истрагата „Фокус“ дознава дека телото на Сузана било во спалната соба, зад вратата. Наоколу се било расфрлано, а пак електричната греалка била вклучена. Истата била навалена на страна, и за чудо не се запалила.

– Не се знае колку време била греалката вклучена, така навалена на страна, на една ногарка. Во целиот овој трагичен настан вистинска среќа е што не се запалила и не настанал пожар. Можела да изгори целата зграда во која има многу станари, во неофицијален разговор раскажа нашиот извор.

Кавадарчани за починатата жена раскажуваа дека од социјален аспект имала доста тежок живот. За Панов пак, раскажуваат дека со години наназад бил нарко зависник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk