Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, едвај успеа да ја продолжи седницата бидејќи пратеници од опозицијата фрлија солзавец кон неа.
Пратениците од опозицијата направија хаос во српскиот парламент, палејки димни бомби и фрлаjќи солзавец.
Во еден момент дојде до општа тепачка, а со вода беше полиена и претседателката на Собранието.
Брнабиќ била гаѓана со солзавец, поради што ѝ било отежнато дишењето.
Две пратенички се тешко повредени, од кои едната се бори за живот, рече Брнабиќ.