Home » Иџет Мемети нема имунитет

Иџет Мемети нема имунитет

by Журнал.мк

За разлика од судиите, јавните обвинители немаат имунитет, на кој може да се повикаат доколку се осомничени за кривично дело. Ова значи дека членот на Советот на јавните обвинители Иџет Мемети, не може да се повика на оваа привилегија, откако синоќа и тој стана осомничен во акцијата на МВР, во која прво беше уапсен врховниот судија Наке Георгиев за земање на мито.

До 2019 година и обвинителите спасот можеше да го бараат во имунитетот, но тоа право им беше одземено со законски измени.

Инаку Мемети за член на Советот не беше избран од редот на обвинителите, туку од Собранието.

Според првичните неофицијални информации, има сомненија дека Мемети заедно со судијата Наке Гeоргиев имал влијание, злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители, во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро Петрушевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More