Во текот на вчерашниот ден македонскиот автомобилист Игор Стефаноски-Иџе се соочи со проблеми пред втората трка на која постоеа реални можности и воопшто да не настапи.
Непосредно пред трката Иџе бил ограбен и остана без алатот потребен за промена на гуми и тоа во услови кога изгледало дека патеката во Словенија ќе ја зафати дожд. На крајот за среќа на Иџе дожд немало, а тој настапи.
На трката Македонецот на крајот заврши како четврти. Претходно на првата трка стигна до подиумот како третопласиран.