Home » ИЈЗ со телефонска линија за поддршка при откажување од пушење

ИЈЗ со телефонска линија за поддршка при откажување од пушење

by Журнал.мк

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето.

Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk