15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Hyundai, Renault и Ford ќе учествуваат на Саемот во Минхен

Најчитани вести

Автомобилскиот саем во Минхен е планиран по нов концепт со кој производителите ќе имаат можност да ги претстават актуелните модели, но и своите планови за иднината и надвор од саемските хали и во централното подрачје на германскиот град, а организаторите се обидуваат да се држат до планот и покрај заканата од пандемијата.

Дел од производителите се уште тактизираат со своето учество, но се чини дека полека се кристализира сликата за тоа кои брендови ќе бидат дел од овој настан.

Германците се пофалија дека Hyundai, Ford и Renault се последните брендови кои го потврдиле учеството на настанот планиран за наесен, со што ИАА Минхен 2021 има сериозна бројка, која сепак ќе значи и продолжување на традицијата дел од производителите да прескокнуваат одредени саеми.

Групацијата Volkswagen веќе потврди дека во Минхен ќе учествува со Volkswagen, Audi, Porsche и Cupra, додека Seat и Skoda нема да имаат свој класичен штанд, a интерес нема и кај Jaguar Land Rover, Honda и Kia.

Загрижувачки е и фактот што цела групација Stellantis веројатно ќе го пропушти Саемот во Минхен, бидејќи засега не е потврдено учество на ниту еден бренд, вклучувајќи го и германски Opel.

Daimler и BMW ќе бидат присутни со сите брендови, а настанот нема да го пропуштат ниту Polestar, односно помалку присутните кинески брендови Nio, Wey, Xpeng, SAIC и други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести