Микс сочинет од iMax комбе на Корејците и нивниот компактен спортист i30 N, креира „супер вен“ во кој е вграден biturbo бенсински мотор со шест цилиндри и работен волумен од 3.5литри, со заден погон, со осум седишта и неброени уживања во возењето.
Традицијата на супер – комби креации не е од вчера, а како показател за тоа се легендарните Top Gun комби изведби на Ford Transit Supervan од 1971 година, што на засилена шасија на моделот GT40, со средишно поставен C8 моќен 400 KS јурел повеќе од 240 km/h…

Тука е и култниот Renault Espace F1 од 1994 година, што со средишно поставен бензинец со работен волумен од 3.5-литри, со десет цилиндри во конфигурација во форма на латинската буква V, со 820 KS можел да вози со над 313 km/h а од 0 до 100 km/h забрзувал за 2,8 секунди.

Експертите од Кореја вкрстиле MPV, односно комби iMax, со успешен компактен спортист i30 N.

Задвижуван е од bi-turbo бензинец, со работен волумен од 3.5-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со максимална сила од 402 KS и вртежен момент од 555 Nm (засилена верзија на моторот на најсилниот спортист на марката – Kia моделот Stinger), што преку осум степен менувач ја пренесува силата на тркалата од задната оска.

Експертите од Кореја постигале одличен надолжен баланс на масата (50:50), што со помош на спортски сниженото потпирање,амортизерите што електронски се регулираат, аеродинамичниот кит и спортските тркала со големина од 19-инча со алуминиумски фелни обезбедува спортско уживање во возењето.

Особено е атрактивно и забавно како и возбудливо „дрифтањето“ со ова комби.

На таквите можности, заеднос со спортските сопирачки им помага и диференцијалот што самостојно кочи – Corner-Carving, од типот Torsen, во комбинација со осум седишта, што нуди илјадници уживања.