-9 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Hyundai и Apple започнуваат соработка за автономни EV -возила

Најчитани вести

Според информациите кои пристигнуваат од Јужна Кореа, Hyundai и Apple се блиску до договор за создавање на автономни електрични возила, а тоа е потврда на ставот на првиот човек на VW кој истакна дека технолошките гиганти можат да станат сериозни конкуренти во автомобилската индустрија….

Од Korea IT News јавуваат дека автомобилскиот гигант од таа земја Hyundai и технолошкиот џин Apple до март годинава треба да започнат соработка која ќе се однесува на производство на автономни електрични возила, а истото е закажано да стартува во 2024 година во САД.

Истиот извештај вели дека корејскиот производител и Apple планираат да лансираат „бета верзија“ на Apple автомобилите во текот на следната година,

Познато е дека Apple прави напредок со технологијата за автономни возила и сака да произведе свој автомобил кој ќе се карактеризира со некој вид на нова технологија за батерии, а  каде што има чад има и оган, па иако минатата недела Hyundai истакна дека навистина имале разговори со Apple, но дека тоа бил само разговор,  сепак, очигледно е дека нешто се случува.

Посетуваме, пред само неколку недели  шефот на VW групацијата, Херберт Дис верува дека технолошкиот гигант може да биде главен играч во автомобилската индустрија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести