6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

„Hyundai“ го претстави спортскиот „Tucson N Line“ (ФОТО)

Најчитани вести

Семејството „N Line“ на производителот „Hyundai“ има нов член – „Tucson“.

Бидејќи не станува збор за „чистокрвен“ модел „N“, „Tucson“ доби претежно визуелни подобрувања, но и електронски компоненти, специјално наместени за „N Line“.

Инженерите успеаја да ги намалат вибрациите и да обезбедат „поголема агилност“, така што „Tucson N Line“ во „нормален режим“ треба да биде подеднакво удобен како и стандардниот „Tucson“, но исто така нуди и поинакво искуство со активирање на „спортскиот режим“.

„Hyundai“ тврди дека менувачот „Tucson N Line“ се однесува поинаку во различни режими на возење, а тоа е токму резултатот од оптимизацијата. Секое тркало се контролира индивидуално, со што се намалува наклонот и вертикалното движење.

„Tucson N Line“ изгледа поагресивно од стандардниот благодарение на подобрената каросерија, двојните издувни цевки и сетот на 19-инчни тркала.

Немаше никаква промена под хаубата, што значи дека „Tucson N Line“ може да се добие со 1,6-литарски турбо бензин со или без блага хибридна технологија и се нудат верзии од 150 и 180 ks.

Тука е и 1,6-литарскиот дизел со блага хибридна технологија, кој испорачува 136 ks.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com