9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

„Hyundai“ го претстави новиот кросовер „Bayon“ (ФОТО/ВИДЕО)

Најчитани вести

Станува збор за субкомпактен автомобил чии ривали се модели како што се „Ford Puma“, „Volkswagen T-Cross“ и „Nissan Juke“.

„Hyundai“ ја одржа премиерата на Интернет на својот нов кросовер „Bayon“, кој ќе заземе позиција под моделот „Kona“ во понудата на корејскиот производител.

Името за овој автомобил, наменето за европскиот пазар, потекнува од името на францускиот град Бајон, лоциран на крајниот југозапад на земјата.

Иако е нешто подолг од „Kona“ (4,18 m), „Hyundai Bayon“ е потесен од тој модел (1,77 m), додека меѓуоскиното растојание (2,58 m) е исто така помало од „Kona“.

Идните сопственици на новиот кросовер ќе имаат 411 литри корисен простор во багажникот, или 1.205 литри со навалување на задните седишта.

Иако станува збор за возило со зголемен клиренс и заштитни елементи на долните делови од каросеријата, „Bayon“ не е дизајниран за тешки теренски тестирања, така што нема да биде достапен во верзија со погон на сите тркала.

Интересно е што сите верзии на овој автомобил ќе бидат опремени со дигитална табла со инструменти од 10,25 инчи, додека централниот дисплеј на мултимедијалниот систем во поевтини опции ќе има дијагонала од 8 инчи, а во поскапите од 10,25 инчи и ќе вклучува навигација.

Основниот мотор е атмосферски 1,2-литарски бензинец со 84 Ks, поврзан со 5-степен мануелен менувач.

Клиентите исто така ќе можат да бираат помеѓу двe трицилиндaрски, 1,0-литарски турбо-бензински опции. Послабиот мотор произведува 100 Кс и 172 Nm, а помоќниот 120 Ks и исто така 172 Nm.

На помоќниот мотор исто така ќе му помага 48-волтен „благ“ хибриден систем.

За турбо-бензините, силата ќе се пренесува на тркалата преку 6-степен мануелен менувач како стандард, додека автоматизиран 7-степен „DCT“ со двојна спојка ќе биде достапен со дополнителен трошок.

Иако „Hyundai Bayon“ донекаде ќе се „преклопи“ со моделот „Kona“ на пазарот, корејскиот производител наведува дека новиот модел е наменет за оние на кои не им треба погон на сите тркала или електрична верзија (што ја има „Kona“).

Покрај тоа, „Hyundai“ истакнува дека „Bayon“ ќе биде избор на оние кои сакаат практичен компактен автомобил, со голем простор за багаж и дизајн кој се издвојува од конкуренцијата.

Новиот кросовер ќе пристигне во салоните во текот на летото, а до тогаш се очекува да биде позната и неговата цена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести