Во исчекување на саемот во Франкфурт кој ќе се одржи во септември, Hyundai ја претстави новата генерација на i10, но моделската изведба наменета за пазарот во Индија.
Екстериерно, овој модел е многу различен од досегашните модели, но со шпиунски фотографии објавени на интернет. Оттука и заклучокот дека “европскиот” i 10 ќе биде значително различен во однос на овој претставен модел.
Продажбата во Индија започнува кон крајот на овој месец, а во понудата ќе се наоѓа 1.2 литарски бензински мотор со 83 КС и 1.2 литарски дизелски мотор кој доаѓа со стандардниот мануелен менувач.
Погледнете како изгледа новиот Hyundai i10 на видеото во продолжение.