Слите на јеменското шиитско движење Хути во понеделникот вечерта соопштија дека истрелале два проектила кон Јафа, град во централен Израел, но Израел тврди дека пресретнал проектил.
Израелската војска соопшти дека ракетата ги активирала сирените за воздушен напад низ централен Израел, испраќајќи ги жителите во засолништа.
„По сирените што се огласија во бројни области во централен Израел, ракета истрелана од Јемен беше успешно пресретната од израелските воздухопловни сили“, се вели во соопштението на армијата, но не се наведува кој ја истрелал проектилот.
Хутистите објавиија дека една ракета била од типот „ Palestina 2“ и дека ја „достигнала“ својата цел. Движењето додаде и дека вториот пректил бил „Dhu al-Fiqar“, но не го опиша неговиот исход.
Јеменската група соопшти дека операцијата „успешно ги постигнала своите цели“ и дека испратила неколку беспилотни летала во градовите Јафа и Еилат. Израелската војска во соопштението не ги спомна дроновите или другиот проектил.
Хутистите кои се поврзани со Иран, а го контролираат целиот северен дел од Јемен но и поголем дел од најсиромашната и разорена од децениските војни блискоисточна земја, често го гаѓаше Израел или цели поврзани со еврејската држава во текот на изминатата година во, како што велат, демонстрација на солидарност со Палестинците во Газа.