Популарниот актер, кој платил 10 милиони долари однапред и заработил вкупно 35 милиони долари од првиот дел на филмскиот хит во 1999 година, бил мотивиран да помогне во борбата против леукемијата бидејќи неговата сестра Ким имала болест на крвта, објави Дејли мејл, повикувајќи се на до „LadBible“.
Кијану десет години бил до својата болна сестра за време на нејзината борба и ѝ помогнал да закрепне, во борбата со ракот.
Поради посветеноста кон својата сестра, тој ја продал куќата и се преселил во близина на домот на неговата сестра, поради болеста на неговата сестра дури се одложило продолжувањето на Матриксот, а според извештаите потрошил пет милиони долари за нејзиното лекување и закрепнување.
„Таа секогаш беше тука за мене, знаете, јас секогаш ќе бидам тука за неа“, рече Ривс.
Холивудската ѕвезда својата хуманост ја покажал и кога дел од својата заработка од хит филмовите „Матрикс“ 2 и 3 им ја поделил на филмскиот персонал.
Во октомври Кијану на четвориуца филмски каскадери на снимањето на четвртото продолжение од хитот „Џон Вик“ им подарил часовници вредни по 9.150 долари.