На настанот ќе се соберат над 100 иноватори, инвеститори и лидери од стартап екосистемот, кои ќе споделат своите искуства и ќе дискутираат за актуелните трендови и стратегии за финансирање во претстојната година
Бизнис акцелераторот УКИМ (БАУ), кој во 2023 год. стана Хаб на Европскиот институт за иновации и технологии (ЕИТ), во соработка со The Learning Curve, организира настан на тема “КАКО СТАРТАПИТЕ ДА ОБЕЗБЕДАТ ПАМЕТНО ФИНАНСИРАЊЕ ВО 2025” кој ќе се одржи на 17 јуни 2025 (вторник) со почеток од 18 часот во Инокс центарот за иновации во Скопје.
На настанот ќе се соберат над 100 иноватори, инвеститори и лидери од стартап екосистемот, кои ќе споделат своите искуства и ќе дискутираат за актуелните трендови и стратегии за финансирање во претстојната година.