На настанот Innovative Product Launch во Берлин, покрај моделот Huawei Watch 5, компанијата претстави и други премиум производи.
Компанијата Huawei претстави низа иновативни уреди на настанот Innovative Product Launch во Берлин. Во духот на концептот Fashion Next, каде што се среќаваат технологијата и модата, технолошкиот гигант уште еднаш ја демонстрираше својата визија за иднината – визија во која револуционерните гаџети претставуваат спој на иновации и врвна естетика.
Huawei Watch 5: Револуционерна мултисензорска X-TAP технологија
Целосно новиот паметен часовник Huawei Watch 5 носи револуционерни иновации кои ги поместуваат границите на паметната интеракција. Благодарение на унапредениот систем Huawei TruSense, часовникот интегрира нова мултисензорска X-TAP технологија, базирана на дистрибуиран модул на сензори. Оваа напредна технологија овозможува корисниците преку врвовите на прстите лесно да ги мерат здравствените параметри – брзо, прецизно и сеопфатно.
Дополнително е унапредена и контролата преку движење, па сега се достапни и команди како „двојно лизгање“ и „двоен допир“, што придонесува за поинтуитивно корисничко искуство.
Huawei Watch 5 доаѓа во две нови ексклузивни бои кои одразуваат софистициран стил: виолетова и песочно златна. Со препознатлив, заоблен дизајн и сјајна завршница, новиот модел е достапен во две големини – 46мм и 42мм. Изработен е од титаниум што се користи во авио-индустријата и нерѓосувачки челик од класа 904L, со сферично сафирно стакло, кое по цврстина веднаш се наоѓа зад дијамантот. Оваа комбинација обезбедува одлична отпорност на абење и корозија, и истовремено одразува прецизна изработка.
Нови водечки производи: Спој на технологија и естетика
Покрај моделот Huawei Watch 5, беа претставени и други премиум производи:
Huawei Watch Fit 4 серија, Huawei FreeBuds 6, и Huawei MatePad Pro со екран од 12.2 инчи.
Часовниците од серијата Huawei Watch Fit 4 се изработени од врвни материјали како сафирно стакло и алуминиумско куќиште од авионска класа со титаниумски рам, подигнувајќи ја издржливоста и квалитетот на повисоко ниво. Со дебелина од само 9,3 мм, Huawei Watch Fit 4 Pro нуди исклучителна удобност. Часовникот овозможува следење на водени спортови, како и нов сензор за воздушен притисок, кој овозможува попрецизно мерење при активности на отворено.
Huawei Watch Fit 4 Pro поддржува напредни спортски режими како професионално планинско трчање, нуркање до 40 метри и професионален голф. Сето тоа е дополнето со Huawei TruSense системот, кој овозможува паметно следење на здравјето и спортските активности.
Huawei FreeBuds 6: Нова димензија на удобност и чист звук
Huawei FreeBuds 6 ја носат новата ера на слушалки со отворен дизајн, со уникатни карактеристики, премиум технологии и исклучителен квалитет на звукот. Опремени со двојни звучни драјвери, овозможуваат силен бас, чисти високи тонови и звук со висока резолуција.
Дизајнирани во форма на капки, овие слушалки спојуваат удобност и стил, додека функциите како стабилни и јасни повици овозможуваат комуникација без пречки.
Huawei MatePad Pro 12.2: Продуктивност без компромис
Таблетот Huawei MatePad Pro со екран од 12.2 инчи доаѓа со иновативниот Tandem OLED PaperMatte екран кој значително ја подобрува осветленоста и го намалува одсјајот. Со Huawei Glide тастатурата, овој таблет овозможува искуство на пишување како на компјутер и ги поместува границите на деловната ефикасност преку унапредената апликација Huawei Notes.