20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Huawei P50 се појави на нови рендери (ВИДЕО)

Најчитани вести

Се појавија нови рендери од претстојниот телефон Huawei P50, а ги креираше Waqar Khan засновано на протечените скици и гласини кои се појавуваа за телефонот.

Huawei P50 изгледа слично како Huawei P50 Pro моделот, со интересен дизајн за системот на камери. Постојат два големи круга за камерите, во кои се сместени по два камера сензори (вкупно четири камери).

Huawei P50 се очекува да има стандардна широка камера, ултраширока и телефото (без перископ). P50 Pro ќе има широка, перископ и ултраширока камера, додека P50 Pro+ ќе има широк, ултраширок, перископ, телефото и 3D ToF сензор.

Huawei P50 се очекува во бела, црна, сина и беж боја. Серијата телефони ќе ја покренува  Kirin 9000 чипсет, а ќе има Harmony OS софтвер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести