-2 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Huawei P30 Lite 2020 наскоро во Европа

Најчитани вести

Huawei во март оваа година го претстави P30 Lite телефонот од средниот сегмент. Кинеската компанија наскоро би можела да објави и надградена верзија на уредот, која би имала нов дизајн и ажурирање на софтверот.

Според сознанијата од дојавувачот Ishana Agarwal, уредот на пазарот пристигнува како P30 Lite (2020) и веројатно наскоро ќе биде објавен во Европа. Телефонот ќе пристигне во две бои, сина иBreathing Crystal. Кога е цената во прашање, се очекува дека ќе чини 349 евра.

Актуелниот Huawei P30 Lite има 6.15-инчен дисплеј со Full HD+ резолуција, го покренува 12nm Kirin 710 осмојадрен процесор и Mali-G51 MP4 GPU. Телефонот има до 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Присутни се три камери на задната страна (48MP главен сензор на селектираните пазари или 24MP на останатите пазари). Тука е и батеријата со 3340mAh со 18W брзо полнење.

Хардверските спецификации на P30 Lite (2020) моделот засега се непознати, но се очекува дека ќе пристигне со EMUI 10 корисничкиот интерфејс.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести