27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Huawei Mate 20 Pro почна да го добива Android 10

Најчитани вести

Иако Huawei во моментов има проблеми со Mate 30 Pro моделите и услугите на Google, Mate 20 Pro се уште е  актуелен и уредот е подготвен да го добие најновото ажурирање на Android. Некои корисници веќе почнаа да ја добиваат оваа очекувана надградба на софтверот.

Сопствениците на телефоните Huawei Mate 20 Pro во Холандија известуваат дека нивните уреди почнуваат да го добиваат EMUI 10 корисничкиот интерфејс, засноваа на Android 10, заедно со септемвриската безбедносна закрпа. EMUI 10 пристигнува со освежен дизајн и некои нови функции што ги донесува Android 10.

Ажурирањето е тешко 4.42 GB, ја носи ознаката build 10.0.0.136, а се очекува дека ќе помине извесно време додека не им биде достапен на сите корисници./извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести